Mac FM е македонска радио станица во Перт, Западна Австралија, која емитува програма на македонски јазик 24 часа дневно. Покрај народна и современа македонска музика, станицата емитува вести, актуелни теми и разговори наменети за македонската заедница во Западна Австралија.